ССМ со апел за намалување на функционеските плати за 78% и без консултации

Објавено на 19 октомври, 2023 во 12:53

Сојузот на синдикатите на Македонија апелира до Владата да не бара изговори и да не го одложува намалувањето на функционерските плати за 78 отсто. Во денешниот апел пишува:

„Апелираме до Владата, да не бара изговори за процесот со намалување на функционерските плати, туку да го примени веќе воспоставениот принцип како кога носи закони на штета на работниците и со злоупотреба на европското знаменце, без широки консултации, без дијалог и без да се грижат за одлуките на Уставниот суд како што тоа го направија за воведување на 72 часовната работна недела или пак сега кога сакаат да ја тргнат минималната плата од Законот за административни службеници и да достави до Парламентот предлог на Законот со кој ќе ги намалат функционерските плати за 78%#.

Според синдикатот, не е потребно многу време за да се направи измената на законот. ССМ веќе доставил предлог до пратениците кои, како што наведуваат, молчат три месеци, а истото решение го предлагаат и на Владата. Синдикалниот предлогот предвидува во Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија како и другите избрани и именувани лица во Републиката, да се смени член 11 и да гласи: „Основица за пресметување на платата започнувајќи со исплатата на платата за месец септември 2023 година е минималната плата објавена во Службен весник за претходната година објавена од страна на Министерството за труд и социјална политика“.

“Укажуваме дека работниците живеат од плата без право на храна и превоз, а добро е што конечно функционерите како Министерот за надворешни работи разбраа дека треба да се живее од плата, но нивните плати се колку 6 минимални плати, а имаат право на службени возила, обезбедување, ручеци, трошоци и други бенифиции, се вели во апелот на Сојузот на синдикати на Македонија.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.