Стигнаа 100.000 вакцини од „Астразенека“, донација од Грција

Објавено: 9 јули, 2021, во 16:00 часот

Денес пристигна донација од 100.000 вакцини на производителот Астра Зенека од Република Грција.

-Донацијата е на лична иницијатива на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, што му ја има ветено на нашиот претседател на Владата Зоран Заев. Уште еднаш се потврдуваат добрососедските односи и поддршка кои се особено значајни во време на пандемија. Голема благодарност до грчкиот народ, владата на Република Грција и амбасадорот на Грција во нашата земја, Н. Е Русос Кундурос со кој утрово ги пречекавме вакцините. Истите веднаш ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови и наменети за лица над 60 години согласно нашата стратегија за вакцинација. Вакцинацијата забрзува и од понеделник сите граѓани ќе може без закажан термин да се вакцинираат, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.