Судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ќе почне на 30 јули
На 30 јули ќе почне судскиот процес за убиството на 14 годишната Вања и 74 годишниот Панче. Осум месеци по апсењето на групата и одобрувањето на обвинителниот акт обвинетите ќе се соочат со аргументите на ЈО.
Основното јавно обвинителство Скопје во мај годинава поднесе обвинение против четири лица за грабнување и сурово убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Обвинети се Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Продолжува истрагата за две лица – едниот од нив е првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, кој неодамна беше екстрадиран во земјата, по бегството во Турција.
Судскиот процес ќе го води судијата Ивица Стефановски, истиот судија кој го водеше процесот за убиството на момчињата кај Смилковското Езеро, познат како „Монструм“, а судеше и за предметите „Пуч“ и „Поткуп“, како и за случајот против „Беса Транс“ чии патници загинаа во несреќа во Бугарија.
Извесно е дека ЈО за нив ќе бара доживотна казна затвор. Исклучок е таткото на Вања кој според обвинението помогнал во грабнувањето, дело за кое максималната предвидена казна е 10 години затвот.
Дума.мк