Словенците бираат претседател на државата!

Објавено на 2 декември, 2012 во 12:57

Во Словенија денека во седум часот се отворени 3.300 избирачки места на кои граѓаните гласаат во втор круг на претседтелските избори. Во првиот изборен круг  пред три недели најмногу гласови, 39 93 отсто, доби поранешниот претседател на владата Борут Пахор а актуелниот Данило Тирк беше втор со 35,9 отсто додека кандидатот на десниот центар Милан Звер со 24 отсто гласови отпадна од трката за нов претседател на Словенија.

 

Последната недела од кампањата на Пахор и Тирк падна во сенка на граѓанските протести против корупцијата во политиката и јавните услуги  што се одржуваат во повеќе градови во Словенија. За протестите двајцата кандидати соопштија различни ставови, како и за односот кон владата и нејзината одговорност за економската криза и социјалната состојба во државата, јавува порталот 24.ur.

Предизборните анкети во последната недела покажаа поголема предност за Пахор. Словенечките аналитичари сметаат дека резултатот ќе зависи од тоа колку граѓани ќе излезат и дали ќе се повтори малата излезност од првиот круг на изборниот процес кога на гласачките места дојде 47 отсто од гласачкото тело на Словенија.

Вечерва ќе се знае дали на Пахор ќе му успее да стане нов претседател на Словенија или тоа ќе биде Тирк.

Државната телевизија во 19 часот ќе ги објави резултатите за излезност а по неколку часа ќе бидат соопштени и првичните резултати од гласањето на сите избирачки места.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.