Словенечките полицајци ќе штрајкуваат!
Објавено на 11 јануари, 2013 во 08:51
Штрајкот на словенечките полицајци ќе се одржи во петок на територијата на целата држава.
Тој следи откако владата на седница заклучи дека ги исполнува своите обврски кон вработените во полицијата иако, според тврдењето на синдикатот, укинат им е стимулативниот додаток, за што претходните денови неуспешно преговарале со Владата.
Министерот за внатрешни работи Винко Горенак и министерот за јавна администрација Сенко Пличанич вчера изјавија дека ги продолжуваат преговорите со синдикатот во јавниот сектор.
