Разбиен синџир на трговија со луѓе во Грција!
Објавено: 17 јануари, 2013, во 19:49 часот
Меѓународен синџир за трговија со луѓе е разбиен денеска во Грција кои со бродови прошверцувале стотина граѓани, најголем број од Сирија, преку Турција во Грција и Италија.
Во Атина и на островот Родос уапсени се 14 лица, осум Грци, петмина Сиријци и еден Иранец, а уште 14 се приведени во Турција, Белгија и Германија.
Грчката полиција соопшти дека шверцерската мрежа добивала од 1.200 до 2.500 евра по човек за превоз од Турција во Грција. За жени и деца наплатувале половина од цената.
Криминалците користеле брод и глисер кои се запленети во акцијата на полицијата.
Шверцерите се вмешани во најмалку десет случаи на трговија со луѓе со околу 340 имигранти
