Се самозапалиле тројца демонстранти во Бугарија!

Објавено: 5 март, 2013, во 21:25 часот

Протестираа денеска рударите, железничарите и вработените во електраните во Бугарија. И тие се придружија на бранот масовни протести против најавеното намалување на работните места, високите цени на електрична енергија и нискиот животен стандард. Три лица денеска се самозапалиле а од нив две починале, јавуваат бугарските медиуми.

Организатори на протестот се двата најголеми синдиката КНСБ и „Поткрепа“.

Изминатиов месец во Бугарија се случуваат големи протести поради огромното незадоволство од политичката елита во земјата, за  која граѓаните сметаат дека била корумпирана и многу малку сторила  за подобрување на животниот стандард на граѓаните, кој е помал од половина од просекот во ЕУ.

Во протестите имаше повредени демонстранти по што бугарскиот премиер Бојко Борисов беше принуден  да поднесе оставка. Вонредните парламентарни избори се закажани за 12 мај, годинава./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.