Уапсени крадците на спектакуларниот грабеж на дијаманти во Брисел!
Вкупно 31 лице е уапсено поради сомнеж дека го организирале и учествувале во спектакуларниот грабеж на дијаманти што се случи на 18 февруари, годинава на аеродромот во Брисел, пренесе Индекс.хр.
Во заедничка акција на француската, белгиската и швајцарската полиција приведени се вкупно 31 лице а пронајден е и дел од украдениот плен.
Филмскиот грабеж се случи на 18 февруари, помеѓу 19.47 и 20 часот на аеродромот Завентем во Брисел. Ограбувачите со два автомобила се пробија на пистата се до авионот на компанијата „Swis er“ и под закана со огнено оружје, ја украдоа пратката со дијаманти, злато и накит на фирмата „Brink`s Diamond & Jewelry“ вредна 50 милиони долари.
Спектакуларниот грабеж се случи за само три минути и тоа без да биде испукан еден куршум. Пленот кој беше украден има огромна вредност. Полицијата после грабежот пронајде еден од автомобилите во близина на аеродромот. Него крадците го запалија./А.Д
