Извинување до турските демонстранти!

Објавено на 4 јуни, 2013 во 11:53

Вицепремиерот на Турција, Булент Аринч денеска им се извини на демонстрантите и  рече дека првите демонстрации, организирани во Истанбул минатата недела, против градежниот проект на турската влада, што потоа се проширија низ целата земја, биле „праведни и легитимни“.

Првите демонстрации почнаа во Истанбул против плановите за растурање на паркот Гези во рамки на проект за реконструкција на плоштадот Таксим, а на крајот прераснаа во антивладини протести во целата земја.

„Им се извинувам на сите кои станаа жртви на насилството, затоа што се чувствителни кон заштитата на животната средина, посочи Аринч.

Вицепремиерот ги повика турските граѓани „денеска да ги прекинат“ демонстрациите, почнати пред пет дена.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.