Сплит: Геј парада без инцидент!
Објавено: 8 јуни, 2013, во 16:30 часот
Градоначалникот на Сплит, Иво Балдазар од Социјалдемократската партија ја предводеше поворката на парадата под мотото “Потполна рамноправност на половите“ на која учествуваа над 500 учесници. Таа е третата Геј парада во Сплит.
Меѓу учесниците беа и потпретседателката на Владата Весна Пусиќ и министерот за државна администрација Арсен Баук. Собирот го обезбедуваа неколку стотици полицајци.
Агенциите јавуваат дека парадата помина без инциденти. Од здружението Контра кое е организатор на собирот, порачаа дека од надлежните органи бараат конкретни чекори и мерки со кои ќе се осигура потполна рамноправност на истополовите семејства со другите.
– Добродојдовте во Сплит. Гледате дека сплиќани се сепак нормални луѓе! Да, еднаш погрешивме но, сега таа грешка ја исправивме. Овде се бориме за граѓански права а вие сте луѓе и имате неотуѓиви и неделливи права – рече градоначалникот Балдазар.
Тој е прв градоначалник кој учествува на Геј парада во Хрватска. Парадата ја обезбедуваа, повеќе стотици, полицајци и немаше никакви инциденти.
