Египет на работ на граѓанска војна!

Објавено: 3 јули, 2013, во 15:31 часот

Војската упадна во просториите на државната телевизија и контролира што се емитува. Во зградата останаа само вработени кои се неопходни за емитување во програма во живо. Надвор пред зградата на телевизијата има оклопни трнаспортери,јави Ројтерс.

Армијата ќе објави соопштение денеска по ултиматумот што му го даде на претседателот Мохамед Морси да ги исполни барањата на демонстрантите кои бараат негова оставка.
Армијата му даде рок денеска до 17 часот по локално време. Египетското МВР во меѓувреме соопшти дека одлучно ќе одговори на секое насилство.
Полицијата соопшти дека ќе ги заштити граѓаните и ќе преземе мерки да спречи понатамошни крвопролевања во судирите на приврзаниците и противниците на Морси во кои од 26 јуни досега загинаа 47 луѓе.
Политичкото крило на владејачката Муслимански браќа одби да разговара со командантот на армијата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.