Голема реконструкција на канадската влада!

Објавено: 15 јули, 2013, во 19:50 часот

Осум нови министри именува денеска канадскиот премиер Стивен Харпер. Ова е досега  најголема реконструкција на Владата откако ја презеде премиерската функција во 2006 година.

Шели Глоувер е нов министер за културно наследство и официјални јазици на местото Џејмс Мур, кој ќе биде министер за индустрија.

Ишел Ремпл е нов државен министер за економски развој на западните канадски провинции.

Рона Амброуз, која досега беше министер за јавни работи и владини служби ќе биде министер за здравство, а Пјер Полвер ќе биде државен министер за демократски реформи. Џулијан Фантино ќе биде министер за прашањата на ветераните.

Кели Лијч ќе раководи со Министерството за труд, а Кери-Лин Финдли ќе биде министер за национален приход. Досегашниот министер за труд Лиза Рајт ќе биде министер за транспорт.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.