Истрага за тепаните граѓани пред бугарскиот Парламент

Објавено: 25 јули, 2013, во 15:40 часот

Ќе има истрага за полициската интервенција  за време на протестите ноќта на 23 јули пред бугарскиот Парламент. Треба да ја спроведе Владата во Бугарија.

Организацијата за заштита на човековите права се повикува на сведок поточно претставник на Бугарскиот хелсиншки комитет, кој  гледал што се случува спорната вечер, околу 22 часот.

Тогаш полициските сили за борба против немири без причина ги тепале демонстрантите со палки, ги удирале со штитови и ги клоцале.

Тие им нанеле повреди на 17 лица. Повредени се и петмина новинари.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.