Во Хрватска, најчесто фалсификувани се германските марки
Објавено: 26 јули, 2013, во 07:58 часот
Во првите шест месеци во Хрватска се откриени 681 фалсификувани банкноти. Најчесто се фалсификуваат куни и евра.
Во 355 случаи се работело за фалсификувани куни а откриени се и 289 фалсификувани евра.
Откриени се и 31 фалсификувани банкноти на американски долар а она што е интересно е што се фалсификуваат и германски марки кои одамна не се во употреба.
Во два случаи се откриени банкноти на фалсификувани германски марки во апоени од 100 и 200.
Најчесто фалсификувани банкноти се 500 куни и 50 евра, покажале податоците на ХНБ.
