Пронајдени мртви сопружници во изнајмен стан на Дедиње
Објавено: 27 јули, 2013, во 16:41 часот
Две тела на сопружници денеска околу 10 часот пронашла полицијата од Белград. Телата биле пронајдени во кревет заедно, во изнајмен стан. На увидот е утврдено дека телата биле во фаза на распаѓање и дека не може да се открие причината за смртта.
Телата ги открила нивна пријателка која имала клуч а се загрижила кога брачниот пар долго не и се јавувал. Според информациите целиот стан бил облеан во крв
Тие во станот живееле под кирија и соседите велат дека не ги познавале бидејќи биле вселени пред само 1 месец, а во тој стан често се менувале станарите.
Засега нема информации од полицијата што е причината за смрта, се претпоставува само дека е можно да се мртви повеќе од 3 дена.
