Нуланд за слободата на медиумите

Објавено на 6 октомври, 2014 во 08:18

„Како можете ноќе да спиете под заклонот на членот 5 на НАТО, а дење да промовирате нелиберална демократија, да промовирате национализам, да ограничувате слобода на медиуми и да го дијаболизирате граѓанското општество,“ ги праша Викторија Нуланд, помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија, лидерите од регионот на стратешкиот форум за Централна и Источна Европа кој се одржа во Вашингтон, објави Нова.

– Ширум регионот има две рак рани, демократско назадување и корупцијата го загрозуваат сонот за чие остварување работеа многумина од 1989 година – изјави Нуланд.

Таа им се обрати и не оние кои заштитуваат корумпирани функционери од судска истрага, кои го заобиколуваат парламентот кога им одговара или кои договараат валкани зделки кои ја зголемуваат зависноста на нивните држави од еден извор на енергија иако се заложиле за диверсификација на државно ниво.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.