Во Турција падна првиот снег
Објавено на 21 октомври, 2014 во 07:12
Снег падна во југозападна Турција. Во Јуксеково четиридневните обилни врнежи од дожд , ноќеска се претворија во снег. Утринава температурите се пониски, и има магла. Првиот снег создаде проблеми во одвивањето на регионалниот сообраќај кон 50 села и 100 населби главно во округот Хакари.
И на Балканот, метеоролозите од четврток најавуваат нагло паѓање на температурите и дожд . Во викендот не очекува постудено време со можен снег на повисоките места.
