ЕК итно заседава по новиот случај на птичји грип

Објавено: 17 ноември, 2014, во 09:18 часот

Регистрираниот случај на птичји грип во Холандија е причина за итната седница на Европската комисија.

Новиот вид на вирусот беше откриен на живинарска фарма. Поради сомневањата дека вирусот е опасен за луѓето беа заклани 150 000 кокошки.

Претходно случај на птичји грип беше откриен во Германија. Денес британската агенција Скајњуз информираше и за откриен вирус на птичји грип на фарма лоцирана во северно англискиот округот Јоркшир.

Првата голема епидемија од птичји грип се случи во 2003 година Тогаш болеста беше регистрирана во Азија. Во 2005 година имаше случаи во Романија и Турција.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.