„Црн петок“ во Америка, граѓаните купуваат по невообичаено ниски цени
Објавено: 28 ноември, 2014, во 09:05 часот
Милиони Американци ги “нападнаа” продавници да купуваат со импресивни попусти во денот, наречен “Црн петок”, пренесоа агенциите.
Со овој ден во САД започнува сезоната на божиќните распродажби. Многу продавници ги отвораат вратите на полноќ, па дури и пред тоа, штом пред нив се собрале купувачи кои не сакаат да ја пропуштат можноста да купуваат по невообичаено ниски цени.
Пред Денот на благодарноста, последниот четврток од ноември, продавниците низ целата земја затвораат, за да можат семејствата да се соберат за празникот по крај трпезата, а не пред касите. Времињата сепак се променија и секоја година големите продавници се борат со конкуренцијата и порано ги започнуваат распродажбите.
Ноќва на патиштата имло голем број на автомобили исто како во утрински сообраќаен метеж во работен ден. Пред големите трговски центри имало долги колони.
Многу трговци одлучија да не се ограничуваат со “црниот петок”, туку да го продолжат рокот на намалувањата во форма на “Црн викенд” до понеделникот. Тој, сепак, исто така, не е обичен, туку “киберпонеделник”, и е најпрометниот ден во годината.
Според Федерацијата на трговците на мало во САД оваа година во “црниот петок” и следните викенди продавниците ќе бидат посетени од повеќе од 140 милиони Американци, како и дека секој од нив има намера да потроши во просек по 300 долари.
