Претседателски избори 2020 во САД: Се бројат гласовите на кандидатите Трамп и Бајден – кој од нив ќе влезе во Белата куќа?
5.11.2020
Претседателот на САД, Доналд Трамп и демократскиот ривал на изборите Џо Бајден остануваат во тесна трка, од која Американците и поголемиот дел од светот ги чекаат изборните резултати од неколку клучни држави.
Републиканскиот кандидат за претседател во САД, Доналд Трамп се огласи на Твитер откако објави законска процедура поради пребројувањето на гласовите во Висконсин и Мичиген, во кои според неофицијалните податоци победи неговиот противник, демократот Џо Бајден.
Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе жалби во Пенсилванија, Мичиген и Џорџија, поставувајќи основа за оспорување на гласањето во земјите каде заостанува зад демократот Џо Бајден.
Новите жалби, кои се приклучуваат на постојните тужби на републиканците во Пенсилванија и Невада, бараат подобар пристап на набљудувачите од штабовите до локациите каде се обработуваат и бројат гласачките ливчиња и изразуваат загриженост за гласањето во отсуство, соопштија од штабот на Трамп.
– Штабот на Трамп се обидува да интервенира и во случајот Пенсилванија во Врховниот суд, со прашањето дали може да се избројат ливчињата добиени до три дена по изборите, изјави заменик-менаџерот на кампањата, Џастин Кларк.
Републиканците исто така најавија дека ќе бараат пребројување на гласовите во Висконсин, држава каде АП вчера го прогласи и Бајден за победник.
Менаџерот на кампањата Бил Степиен ги наведе „неправилностите во неколку окрузи во Висконсин”, без да наведе детали.
Бајден вчера рече дека пребројувањето треба да продолжи во сите држави, додавајќи дека „никој нема да ни ја одземе демократијата, ниту сега ниту никогаш”.
Кандидатот на Демократската партија на претседателските избори во САД, Џозеф Бајден го освои Мичиген, нова клучна федерална држава и е се поблизу до победа.
Пред освојувањето на Мичиген, Бајден синоќа со победата во Висконсин се приближи до победата над актуелниот американски претседател и кандидат на републиканците, Доналд Трамп.
Мичиген, Висконсин и Пенсилванија беа клучни држави на претходните избори во 2016 година. Во секоја од нив, Трамп ја победи демократската кандидатка Хилари Клинтон за помалку од еден процент.
Бајден досега победи во 22 од 50 сојузни држави и Дистриктот Колумбија и „освои” 264 електорски гласови. Тој доби повеќе од 71 милион гласови – најмногу во историјата на претседателските избори во САД.
Неговиот ривал, републиканецот Трамп победи во 23 сојузни држави и „собра” 214 изборни гласови.
Гласачите не гласаа директно за 74-годишниот Трамп или 77-годишниот Бајден, туку избираат избирачи (електори), демократи или републиканци, кои формално избираат претседател (Изборен колеџ) во декември. Бидејќи овој чин е формалност, победникот се знае веднаш по изборите.
Кандидатот што ќе победи во една сојузна држава ги „добива” сите свои гласачи, освен во Мејн и Небраска. Кандидатите можат да ги поделат гласачите во Мејн и Небраска, во зависност од резултатите на ниво на изборна единица во тие држави.
Победникот се уште не е познат во пет држави, Пенсилванија (со 20 гласачи), Џорџија (16), Северна Каролина (15), Невада (6) и Аљаска (3).
Бидејќи на кандидатот му е потребна поддршка од 270 од 538 гласачи за да победи, Бајден треба да освои само една од преостанатите пет држави за да влезе во Белата куќа.
Во Пенсилванија, по 89 проценти обработени гласови, Трамп води со 50,7 проценти, додека Бајден има 48,1 процент. Бајден е поверојатно да ја освои Пенсилванија, бидејќи меѓу преостанатите гласови, тие главно се испраќаат по пошта, меѓу кои демократскиот кандидат има несразмерна предност.
Трамп во Џорџија, каде беа обработени 98 проценти од гласовите, води со 49,6 проценти, додека Бајден има 49,1 проценти.
Во Северна Каролина, откако беа обработени 94 проценти од гласовите, Трамп има 50,1 процент, а Бајден 48,7 проценти.
Бајден има предност во Невада, каде по 75 проценти обработени гласови, тој има 49,3 проценти, додека Трамп 48,7 проценти.
Аљаска е традиционално упориште на републиканците, а победата на Трамп во таа држава не е доведена во прашање.
Во некои држави, каде што води американскиот лидер, демонстрантите бараат да се стави крај на броењето, а во други, каде заостанува – да продолжи.
Во округот Марикопа, Аризона, вооружени лица влегоа во изборен центар, додека демонстрантите се собираа надвор. Локалните медиуми јавија дека некои од демонстрантите биле вооружени.
Многумина носат капи со логото МАGA („Направи ја Америка повторно голема”) и пароли со неосновани обвинувања дека има изборни измами.
Поддржувачите на Трамп се собраа и пред центарот за броење во Детроит, Мичиген. Тие се залагаат за крај на пребројувањето, додека во Феникс, Аризона, демонстрантите бараат пребројувањето да продолжи со зголемувањето на шансите на американскиот лидер.
Приврзаниците на Трамп и крајно десничарската „Стоп за крадење” се судрија со демонстрантите за „Број ги гласовите” пред округот Кларк, Лас Вегас.
Ситуацијата е слична на онаа во 2000 година, кога на Флорида беа организирани демонстрации за да се запре пребројувањето на гласачките ливчиња на претседателските избори меѓу Ал Гор и Џорџ В. Буш.
Беа организирани мирни протести и во другите градови низ земјата, со барање за пребројување на сите гласови.
Полицијата опколи демонстранти кои учествуваат на маршот во Минеаполис. Властите уапсија и демонстранти во Портланд, Орегон.
Рудолф Џулијани, правен советник на американскиот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп, во говорот во Филаделфија рече дека „се случува голема измама” на изборите во САД.
Поранешниот градоначалник на Њујорк, меѓу другото, даде бизарни проценки во својот говор, како на пример дека „мртвите и марсовците” можеби гласале на изборите, како и дека демократскиот кандидат Џо Бајден можеби гласал за себе 5.000 пати.
Пред да замине за Филаделфија, Џулијани на Твитер рече дека отишол во Пенсилванија со правен тим за да ги оспори резултатите од изборите во таа сојузна држава, што се смета за важно за исходот на изборите во САД.
Ситуацијата е слична на онаа во 2000 година, кога на Флорида беа организирани демонстрации за да се запре пребројувањето на гласачките ливчиња на претседателските избори меѓу Ал Гор и Џорџ В. Буш.
Беа организирани мирни протести и во другите градови низ земјата, со барање за пребројување на сите гласови.
Полицијата опколи демонстранти кои учествуваат на маршот во Минеаполис. Властите уапсија и демонстранти во Портланд, Орегон.
Њујорк Тајмс пишува дека Министерството за правда на САД им соопштило на федералните обвинители дека законот и дозволува на владата да испраќа вооружени полицајци во центрите за броење.