Oд компликации со Ковид – 19 почина српскиот патријарх Иринеј, хоспитализирани и поглаварите на грчката и на албанската црква

Објавено на 20 ноември, 2020 во 09:08

PATRIJARH IRINEJ

20.11.2020

Српскиот патријарх Иринеј почина денес на 90-годишна возраст во ВМЦ Карабурма,од компликации предизвикани од вирусот Ковид – 19. Патријархот починал во 7:07 часот, пренесе српскиот национален сервис „РТС“.

Информацијата за смртта на патријархот ја објави и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот профил на Инстаграм.

“Ми беше чест да те познавам. Луѓето како тебе никогаш не заминуваат…”, напиша претседателот покрај црно-белиот патријарх.

Инаку, во моментов хоспитализирани поради Ковид-19 се и поглаварoт на грчката црква, Јеронимос и на албанската, Атанасиос Јанулатос.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.