Започна вакцинацијата во Србија: Брнабиќ е првиот европски премиер кој јавно се вакцинира
24.12.2020
Вакцинацијата во Србија започна денес, а првите вакцини ги примија премиерката Ана Брнабиќ, министерката за труд и член на кризниот штаб Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон во институтот Торлак.
Премиерката Брнабиќ прва ја прими вакцината, а по неа и министерката и епидемиологот.
Пред вакцинацијата им беше измерена температурата и тие потпишаа согласност.
По нив денеска во 11 часот започнува вакцинацијата во старските домови ширум земјата.
Премиерката Ана Брнабиќ по вакцинацијата со насмевка рече дека сите се добро.
Таа е првиот вакциниран европски премиер.
– Ова е одличен ден за Србија, но и за Европа, бидејќи ние ја започнуваме борбата со оружје во рака, а во овој случај станува збор за вакцина – рече епидемиологот Кон и додаде дека вакцината е целосно безбедна и безбедна.
Мите Јаначков