Aмериканки се маскирале во старици за да се вакцинираат

Објавено на 22 февруари, 2021 во 10:57

florida

22.02.2021

Aмериканки од сојузната држава Флорида се маскирале во старици за да добијат втора доза од вакцината, јавуваат американските медиуми.

Како што извести Уредот за јавно здравје на округот Оринџ на Флорида две жените на возарст од 44 и 34 години стигнаа на местото на вакцинација носејќи капи, ракавици и наочари, за да ги прикријат своите години.

Директорот на бирото за јавно здравје на округот Оринџ др. Раул Пино рече дека двете жени имале потврда дека примиле прва доза од вакцината. Но, втората доза не успеале да ја добијат бидејќи здравствените работници се посомневале во исправноста на нивните документи.

Здравствените власти не знаат како успеале да дојдат до првата доза на вакцината и дали и тогаш се облекле како старици.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.