Нова бура му се заканува на источниот брег на САД
Уште една бура би можела да предизвика проблеми , предупредуваат американските метеоролози, и сето тоа на само ден по претседателските избори на источниот брег на САД.
Центарот за временски прогнози при Националната метеоролошка служба која ги следи зимските бури соопшти дека постои можност уште една бура да го погоди среден Атлантик и Нова Англија.
Од Центарот истакнуваат дека до бурата има уште неколку денови и сеуште е рано за загриженост и паника поради можна промена на временската прогноза.
Метеорологот Брус Саливан тврди дека новата бура нема да биде разорна како супербурата Сенди и дека не е тропска. Бурата би можела да донесе снег во внатрешноста на Нова Англија и во Њујорк, ерозија на плажите и силни ветрови во подрачјата погодени од Сенди, како и умерен или силен дожд.
