Украинското Министерство за одбрана демантира дека Русите го освоиле Херсон
Украинското Министерство за одбрана ги демантираше информациите дека јужниот град Херсон паднал во рацете на Русите, јави дописникот на Си-Ен-Ен од Киев.
– Според информациите од нашата бригада, во моментов се водат борби, изјавил портпаролот на Министерството.
– Градот не е целосно заземен, некои делови се под наша контрола, додаде тој.
Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека руски војници го зазеле градот Херсон во јужна Украина. Според руски извештаи, руските сили синоќа влегле во Херсон и руската армија синоќа била на улиците на градот.
Градоначалникот на Херсон Игор Коликаев утрово информира дека многу луѓе загинале, вклучително и украински војници и цивили, а владините претставници сега се обидуваат да обезбедат луѓето да го напуштат градот или да се засолнат.