Утринска магла во котлините, сончев и релативно топол ден
Објавено на 19 октомври, 2022 во 09:11
Времето денеска наутро студено со слаба магла по одделни котлини, а во текот на денот претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот од север облачностa ќе се зголемува.
Утре ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието што ќе предизвика до сабота дневната температура да биде пониска за неколку степени.
За време на викендот по котлините ќе има појава на магла.