Утрово -13 степени во Маврови Анови, 42 сантиметри снег на Попова Шапка

Објавено: 3 март, 2022, во 09:40 часот

Најниска температура во државава изутрина во седум часот е измерена во Маврови Анови, – 13 степени, по што следуваат Попова Шапка со – 10, Крушево -8, Битола и Претор – 7, Берово и Охрид – 6, Прилеп и Тетово – 5, Крива Паланка и Струмица – 2, …информира Управата за хидрометеоролошки работи.

На Попова Шапка има 42 сантиметри снег, во Крушево и Маврови Анови 37, Ѓуриште 24, Битола 16.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.