Владата официјално ги усвои мерките, дозволено е да се прават свадби и прослави

Објавено на 2 јуни, 2021 во 09:33

Од денес на сила стапуваат новите ковид мерки кои вчера Владата и официјално ги усвои.

-Се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група. Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори;

-Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30% од вкупниот капацитет на посетители;

-Се укинува забраната за групирање на јавен простор;

-Се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор, летни тераси, до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса;

-Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата;

-Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина;

-Продолжува да важи забраната за движење од 24:00 до 04:00 до 15.06.2021 година.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.304, бројката на оздравени пациенти е 148.798, на починати е 5.423, а бројот на активни случаи изнесува 1.083.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.