Владина делегација на чело со Заев утре ќе претстојува во посета на Софија
Владина делегација предводена од премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, утре пристигнува во Бугарија, објавија дел од бугарските медиуми. Тој ќе се состане со привремениот премиер Стефан Јанев.
„Во пресрет на средбата меѓу Бугарија и Македонија, премиерот на нашиот западен сосед рече дека не е оптимист дека споровите меѓу двете земји ќе бидат решени до 22 јули, бидејќи претстојните разговори ќе ги води привремена влада“, пишуваат бугарските медиуми.
Премиерот вчера изјави дека нема голем оптимизам кај него за надежите за старт на преговорите до 22 јуни.
„Она што морам да го кажам, е дека имам чувство дека на 22 јуни нема да се реши проблемот, бидејќи Бугарија има техничка Влада и нема парламент. Но, не е невозможно да се реши. Зошто го кажувам ова, затоа што не сакам да ги дигнам очекувањата на нашите граѓани. Бидејќи реалност е дека во Бугарија има избори. Имам чувство на одговорност пред нашиот народ да кажам дека наша должност е да направиме се. И нема зијан ако направиме успех, и заклучиме отприлика договор, кој што би бил верификуван и од политичка Влада и од парламентот“, изјави Заев.