Во девет општини нема заразени со ковид-19

Објавено на 17 јуни, 2021 во 09:54

Девет општини, пак, во моментов се без активни случаи: Кавадарци, Свети Николе, Берово, Пехчево, Дојран, Демир Капија, Богданци, Пробиштип и Ресен.

Два дена во земјава нема ниту еден регистриран смртен случај од ковид 19.

По 1 активен има во Македонска Каменица, Македонски Брод, Крушево, Валандово, а по 2 во Гевгелија, Крива Паланка, и Дебар.  Штип, Велес, Неготино, Демир Хисар и Кратово имаат по 3 активни случаи на коронавирусот.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.583, бројката на оздравени пациенти е 149.690, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 421.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.