Во хеликоптерска несреќа загина украинскиот министер за внатрешни работи

Објавено на 18 јануари, 2023 во 10:18

Најмалку 16 лица загинаа при уривање на хеликоптер во градот Бровари во киевската област, меѓу кои и украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски, пренесуваат светските медиуми.

– Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби. Како последица на хеликоптерската несреќа загина раководството на МВР: министерот, првиот заменик министер и државниот секретар. Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца. Од нив, девет биле во хеликоптерот, информира шефот на Националата полиција на Украина Игор Клименко.

Тој додаде дека 22 повредени се во болница, од кои 10 се деца.

Сите специјализирани единици работат на лице место. Увидот на местото на настанот е во тек.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.