Во текот на вчерашниот ден вакцинирани се 12.099 граѓани

Објавено на 22 септември, 2021 во 10:08

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.969 граѓани, а вкупно се вакцинирале 12.099 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.474.507 дози вакцини, а ревакцинирани се 697.847 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму оценуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

– Со последните бројки 55 проценти од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31 посто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, наведуваат од Министерството.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините, посочуваат од Министерството, се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.

– Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, се вели во соопштението.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.