Вработените во УЈП на предупредувачки протест

Објавено на 16 мај, 2023 во 12:33

Вработените во Управата за јавни приходи и во регионалните канцеларии на УЈП, денеска, излегоаа на предупредувачки протест од 10:00 до 11:30 часот. Поводот и причините за да се организираат вработените во синдикално здружување доаѓа како резултат на измените на Законот за работни односи направени во 2012 година.

-Тогаш беше нарушено нивото на синдикалните организации и сведоци сме за актуелните состојби во синдикалните организации каде што констатираме нарушување на силата на синдикатот. Како синдикална организација Солидарност се грижиме за правата на вработените во УЈП, а согласно Статутот на Синдикатот Солидарност колку што е можно, според закон, е вратена автономијата на работење на синдикалните организации. Во УЈП има неколку синдикални организации, а единствена синдикална организација на ниво на работодавач е организацијата Солидарност, која ја претставувам. Ова го изјави Васе Неданоски, претседател на синдикалната организација во УЈП Солидарност во емисијата Утрински печат на Слободна ТВ.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.