Временска прогноза: Променливо облачно со дожд
Променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд, особено во југоисточните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната ќе достигне 13.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северен ветер.
До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла.
Под влијание на влажен и студен бран во сабота ќе има значителна промена на времето со пообилни врнежи, кои во текот на денот во поголем дел од земјата ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите од недела значително ќе се намалат.
Дума.мк