Временска прогноза: Сончево со мала до умерена облачност

Објавено на 28 септември, 2023 во 08:48

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Следува период на стабилно време со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Услови за локален дожд ќе има во петок, а температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.