Времето денеска облачно со локални врнежи од дожд, попладне со сончеви периоди
Објавено на 12 октомври, 2021 во 09:41
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. На места ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Утре попладне во западните и јужните делови ќе има локални врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури значително ќе опаднат.
Пообилни врнежи повторно ќе има во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините во северозападните делови ќе врне снег.