Заев: Овој самит на НАТО е историски за С. Македонија

Објавено на 15 јуни, 2021 во 10:27

Премиерот Зоран Заев, кој присуствува на самитот на НАТО во Брисел, изјави вчера дека тоа е историски самит за Северна Македонија, која сега „стои рамо до рамо со сите членки на Алијансата и сведочи за нејзиното единство“.

Заев рече дека им рекол на „сојузниците на НАТО“ дека Скопje е посветено на визијата за Балканот во 21 век како регион на мир и стабилност.

„Ние сме посветени на градење на нов Балкан преку регионална соработка, поради што е важно балканските земји да имаат јасни визии“, рече Заев.

С. Македонија за првпат учествува на самитот на НАТО како рамноправна членка на Алијансата, откако официјално стана нејзина 30-та членка на крајот на март.

Во Брисел, Заев е предводник на нашата делегација во која се и министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.