Зејтинот не може да издржи ни со оваа цена, пак ќе поскапува

Објавено на 10 септември, 2021 во 16:37

Цените на сончогледот на светските берзи урнебесно растат и веќе не е можно да се издржи ни со сегашната продажна цена во Македонија, вели за „Слободен печат“, Румен Смилевски, претседател на Одборот на директори во велешката фабрика „Благој Ѓорев“.

„Благој Ѓорев“ е единствената фабрика кај нас која произведува масло за јадење од сончоглед, за разлика од другите кои купуваат нерафинирано масло па го доработуваат. Ако порано го плаќавме сончогледот по цена од 280 евра за тон сега тој достигна 450 евра за тон. Урнебесно! А, според берзите уште и ќе расте цената. Ние со вакви цени не можеме да го задржиме сегашното ниво. Сега имавме состанок и веќе разговараме за зголемување на цената – вели Смилевски.

Тој вели и дека не може да разбере зошто домашните земјоделци не се ориентираат на производство на сончоглед, кога „Благој Ѓорев“ нуди сигурен пласман и добри цени.

Според Смилевски, во последниве години најмногу се стигнало до 10.000 тони откуп, но во некои поранешни времиња, кога на нивите масовно можел да се забележи сончогледот, се откупувале и над 40.000 тони.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License