ЦЕФТА одлучува дали Македонија го прекршува договорот со Србија

Објавено на 22 јули, 2013 во 07:26

Заедничкиот комитет на Цефта денеска на вонредениот состанок во Белград ќе одлучи дали Македонија, со мерката за условен увоз на српска пченица и брашно, ги прекршува одредбите од договорот.

Српското министерство за земјоделство очекува ЦЕФТА да упати официјално барање до македонската влада, за укинување на мерката која го ограничува увозот на пченица и брашно од Србија.

Државниот секретар Данило Голубовиќ изјави дека се договориле со македонското министерство мерката за пченицата да се укине до 15 август, а за брашното до 1 септември. Доколку тоа не се случи, Србија се закануваше дека ќе го ограничи увозот на македонско вино и домати.

Според Голубовиќ  добиле ветување дека ако во иднина некоја земја неколку години по ред воведува мерки како Македонија и ги прекршува правилата на ЦЕФТА, засегнатата држава има право веднаш да воведе реципрочни мерки, без да бара дозвола од ЦЕФТА.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.