Земјотрес во јужните делови на Македонија
Утрово земјотрес ги погодил јужните делови од Македонија, поточно подрачјето на Битола и околината.
Според ЕМЦС, земјотресот е со епицентар на шест километри источно од Лерин, Грција.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 28 sec ago in #NorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
— EMSC (@LastQuake) December 14, 2022
?https://t.co/LBaVNedgF9
?https://t.co/AXvOM7I4Th
?https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/wPOECcJSgS
-Потресот се случил во 11:29 часот по локално време, односно во 10:29 часот по македонско време и бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, стои во објавата.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 14.12.2022 година, регистрира земјотрес на 124 км југозападно од Скопје, во Република Грција.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 10.29 часот со Рихтерова локална магнитуда ML3.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Дума.мк