Земјотрес во Косово почувствуван во Скопје
Објавено на 25 декември, 2023 во 09:14
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 25.12.2023 година, во 03 часот и 26 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар се наоѓа во Република Косово, на 20 километри северо-западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.3.
„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во околината на градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, “ соопшти ЦУК.
Дума.мк