Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

vucikipendarovski fin

Србија и Македонија се соседни земји кои немаат отворени прашања, а делат заедничка историја и имаат заедничка цел – членство во ЕУ, истакнува претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Политика” во пресрет на денешната официјална посета на Белград.

– Немаме отворени билатерални прашања, а имаме заеднички цели и грижи, да градиме општества во кои нашите граѓани ќе имаат добар квалитет на живот и во кои младите луѓе нема да се иселуваат и ќе добиваат шанса да успеат дома, вели Пендаровски.

Врските меѓу двете земји, уакажува шефот на државата, не ги градат само институциите, туку и бизнисот, како и многубројните семејни релации меѓу граѓаните од двете земји.

Пендаровски очекува на денешната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ да имаат позитивни разговори за многу теми од заеднички интерес, а пред се за политичките, безбедносните и економските прашања.

– Иако Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО, а Србија има неутрална политика, двете земји имаат одлична одбранбена и безбедносна соработка, која очекувам да продолжи и во иднина. Како соседи, Србија и Македонија делат заеднички грижи за безбедносното опкружување и имаат многу програми за размена и обука. Имајќи предвид дека стратешка цел на двете земји е членство во ЕУ, соработката во одбраната и безбедноста ќе продолжи и во рамките на европските иницијативи, вели претседателот Пендаровски во интервјуто за „Политика”.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново