Папата Франциск: Мајка Тереза во септември ќе биде прогласена за светица
Објавено на 15 март, 2016 во 15:24
Папата Франциск денеска и формално одобри Мајка Тереза да биде прогласена за светица на 4 септември годинава, истакнувајќи дека тоа ќе се случи 19 години по нејзината смрт.
Неизвесно е дали церемонијата на канонизација ќе се случи во Калкута или во Рим.
Мајка Тереза е родена како Агнеса Гонџа Бојаџиу во Скопје. Најголем дел од животот го помина помагајќи им на сиромашните во Калкута.
Во 1979 година доби Нобелова награда за мир, а во 2003 година во Рим беше прогласена за блажена.
Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година, на 87-годишна возраст.
Извор: Мета