Голем шумски пожар на хрватскиот остров Паг, евакуирани 10.000 луѓе

Објавено на 16 јули, 2019 во 07:22

pag fin

Голем пожар избувна синоќа, околу еден часот по полноќ, во боровата шума на плажата Зрќе, кај градот Новаља на хрватскиот остров Паг, соопшти полицијата.

Во тек е гаснење на огнот, а илјадници луѓе се евакуирани.

Како што изјави портпаролката на полициската управа на личко-сењската жупанија, Маја Брозичевиќ, евакуирани се околу 10.000 лица, бидејќи на местото кадешто зафатил пожарот се одржувал Фреш Ајланд фестивал.

Пожарот го гаснат три авиони и голем број пожарникари. Силната бура го отежнува гаснењето на огнот, кој се проширил до патот Новаља – Паг.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.