Цени во Грција: Гиро за 3 евра, а еве колку треба да платите за лежалка на плажа
Објавено на 29 јуни, 2021 во 10:14
Цените во Грција оваа година не се разликуваат многу од оние од минатата сезона. Ако сакате да се опуштите со сладолед, тоа ќе ве чини на најмалку 1 евро.
Цените на лежалките во Грција повторно се движат околу 3 евра, а со лежалката се добива фрапе и вода. Цената на храната во Грција е околу 6 евра за мусака и полнети пиперки, меѓу 8 и 9 евра за јагнешко и свинско и ако сакате jадете пилешко тоа ќе ве чини околу 6 евра.
За тестенини, како и разни десерти, треба да платите нешто повеќе од 5 евра, а има и пијалоци за 8,5 евра, како и разни коктели за 8 евра. Цените на гиро-бар во Грција повторно се движат околу 3 евра, а истата цена е и за сувлаки, разни хамбургери, колбаси.