Дајан Китон откри зошто решила да посвои деца и да стане самохрана мајка во своите 50-ти
Дајан Китон може да се пофали со плодна актерска кариера која опфаќа повеќе од пет децении. Улогата на Ени Хол ѝ донесе Оскар за најдобра актерка само седум години откако за првпат се појави на филмското платно.
Иако со години ја воодушевуваше светската во филмовите, таа никогаш не ја пронашла својата вистинска љубов и научила дека успешната кариера не оди секогаш рака под рака со романтиката.
Китон имаше кратка романса со Вуди Ален. Но, нивната уметничка врска траеше со децении и соработуваа во осум филмови. По раскинувањето со Ален, таа извесен период беше со Ал Пачино, со кого глумеше во „Godfather“, а потоа и со Ворен Бити со кој се појави во „Reds“.
„Чувствувам дека мајка ми ја избра љубовта наместо нејзините соништа. И таа беше најдобрата мајка, но мислам дека таа е причината што не се омажив. Не сакав да се откажам од својата независност“, откри неколку пред години кога зборуваше за тоа што влијаело на нејзината одлука да не го каже судбоносното да.
Сепак, на 50 години таа реши да стане мајка. Тоа што немала партнер не ѝ било пречка. Во 1996 година го посвоила девојчето Декстер, а пет години подоцна момчето Дјук.
„Мајчинството целосно ме промени. Тоа е најскромното искуство што некогаш сум го имала“, додаде таа.
Дајан Китон е многу задоволна од нејзината одлука да се фокусира на кариерата и да поминува време со своите сега возрасни деца.
„Не сум била на состанок 35 години. Имам многу машки пријатели, но не одам на состаноци“, призна таа во 2019 година.
Неколку години претходно, Дајан рече дека самечкиот живот ја прави среќна.
„Љубовта на мојот живот се моите деца и мојата мајка. Не се чувствувам како да ми треба маж. Не ме сфаќајте погрешно, сакам мажи, но имам деца и работа. Доволно ми е“, заклучи таа.