Започнува снимањето на документарецот за Лејди Гага !
Објавено на 26 декември, 2012 во 14:35
Пејачката Лејди Гага на Твитер потврди дека ќе се снима документарец за неа, а продуцент на истиот ќе биде нејзиниот пријател и моментален соработник, фотографот Тери Ричардсон.
„Тери Ричардсон прави документарец за мојот живот за снимањето на новиот албум „Artpop“ и вас“, додаде пејачката на Твитер
Исто така таа се заблагодари на своите фанови за тоа што имаат трпение и што го чекаат нејзиниот нов албум.
Ричардсон и Гага претходно соработуваа на фотосесијата „Лејди Гага Х Тери Ричардсон“.
Пејачката ќе дебатира на филмот на Роберт Родригез „Machete Kills“
