Светските ѕвезди позираа во мртовечки сандаци !

Објавено на 26 декември, 2012 во 15:12

Познати личности како Алиша Киз, Серена Вилијамс, Ким Кардашиан и други позираа во мртовечки сандаци како дел од хуманитарната акција „Keep A Child Alive“, за помош за децата заразени од ХИВ вирусот.

Кампањата за помош на децата од Индија и Африка ја започна Алиша Киз, а фотографиите ги осмисли и направи фотографот Дејвид Лачапел.

Во мртовечките сандаци покрај авторката на хитот „Fallin“, се наоѓаат и Серена Вилијамс, Ким Кардашиан, Кимерли Кол, Илајџа Вуд и многу други, кои за среќа во сандаците позираат живи.

Целта на кампањата е да се подигне јавната свест за големиот број починати деца во споменатите земји.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.