Ријана и Крис Браун на натпреварот на Лејкерси !

Објавено на 26 декември, 2012 во 15:27

Парот за кој постојано се вртат разни шпекулации беше приметен на божиќниот натпревар на Лејкерси против Никса каде во првите редови навиваа, се веселеа, јадеа блакца, како и секој друг обичен пар.

 

Пејачката која до пред два дена беше на одмор во нејзиниот роден Барбадос, се вратила во Лос Анџечес за Божиќ за да биде во друштво на Крис во текот на празникот.

Парот присуствуваше на натпреварот во првите редови, а во текот на натпреварот изгледаа сосема нормално и опуштено, се забавуваа, навиваа, се чувствуваше како љубовта помеѓу нив да цвета.

Ова е прв пат Ријана и Крис да излезат заедно на некој јавен настан, да бидат фотографирани од папараците и да им позираат, до сега тие имаа обичај да се кријат од јавноста и да не даваат можност да бидат фотографирани заедно.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.