Дилери ја убиле Витни Шјустон ?
Приватниот детектив од Холивуд, Пол Хебл тврди дека музичката ѕвезда Витни Хјустон ја убиле поради долгот од 1.5 милиони долари кој таа го имала кон нарко дилерите и дека снимките од контролните камери го потврдуваат тоа. Детективот рече дека и ги предал на ФБИ доказите кои покажуваат дека пејачката е убиена поради големиот долг за дрога.
Патолозите утврдиле дека Витни Хјустон се загушила во када во хотелот Беверли Хилтон, одкако земала коктел со кокаин, марихуана и неколку лекови. Хебл верува дека таа била на црната листа на неколку моќни дилери кои ги испратиле своите луѓе за да ги наплатат нејзините долгови.
Според некои извешетаи, Хјустон за дрогата должела 1.5 милиони долари. Но како што вели Хебл иако не може со сигурност да се рече дека е убиена, сите докази кои ги има укажуваат на тоа.
Хебл вели дека има докази дека на Витни, еден ден пред смртта и е доставен кокаин во собата, и дека порано и се заканувале дилерите кои го барале нејзиниот неплатен долг. Хебл исто така тврди дека ги поседува снимките на контролните камери кои покажуваат две непознати машки особи кои пристигнуваат во хотелот и се вмешуваат во тимот на Витни.
Хебл тврди дека тие две машки особи влегуваат во нејзината соба и ја убиваат. Тој не се согласува со изјавата на патологот од Лос Анџелес кој тврди дека смртта е несреќен случај, затоа што на незиното тело не се забележуваат класични повреди кои настануваат кога некој се бори за својот живот.
